Пролетна жетва на медали од „ТИРАНА ОПЕН 2026” за Македонската традиционална таеквондо федерација

by | Mar 31, 2026 | Достигнувања

Македонската традиционална таеквон-до федерација (МТТФ) викендов учествуваше на Меѓународниот натпревар “ТИРАНА ОПЕН 2026” во соседна Албанија. Под водство на Марјанчо Лазаревски, Саша Поповски и Божидар Димитриевиќ боите на Македонија ги бранаеа 29 натпреварувачи од пет клубови на МТТФ.

На овој натпревар учествуваа околу 200 натпреварувачи од 7 земји до Европа, Албанија, Македонија, Србија, Косово, Шведска, Австрија и Украина. Најбројни беа натпреварувачите на Украина па повеќето финални и полуфинални борби нашите натпреварувачи се бореа против нив. Вкупно како федерација освоени се 15 златни медали, 13 сребрени, 14 бронзени, 2 пехари за најдобри поединци и Пехар за трето место севкупен пласман. Како претседател на Федерација сум премногу горд на овој успех и сум благодарен на нашите натпреварувачи што дадоа се од себе да ја претстават Македонија во најубаво светло. Посебно ме радува фактот дека најмногу се осовени златни медали во однос на сребрени и бронзени, што е многу редок случај и е показател дека одиме во нагорна линија во поглед на квалитетот на нашите натпреварувачи, изјави Марјанчо Лазаревски, претседател на МТТФ.

Посебно го потенцира успехот на репрезентативците кои се закитија со златни медали во борби што, вели, покажува дека се во добра форма, Миа Танеска, Владимир Димитриевиќ, Божидар Димитриевиќ, Теодора Митреска, која се закити и со пехар за најдобра сениорка.

Во дисциплината Бест оф д бест над 18 години се бореа Теодора Митреска, Владимир Димитриевиќ кој беше спортист на годината на општина Охрид, Божидар Димитриевиќ, освојувајќи награди од по 100 евра. За пофалба е и Христијан Шибаковски од Хва Ранг ИТФ, избран за спортска надеж на општина Охрид за 2025 година, кој во дисциплините форми и борби освои два златни медали и беше награден со пехар за најдобра кадет до 14 години. А неговиот пример го следеше и Павел Џикоски од Сонкал освојувајќи два златни медали во дисциплините форми и борби, но за жал не му беше доделен пехар за најдобро дете. Следен предизвик за МТТФ е учество на Европско првенство на Крит, кое ќе се одржи од 19-26.04 2026 година. Во тек се припремите каде 7 натпреварувачи ќе ги бранат боите на Македонија, посочи Лазаревски.

Воедно упати благодарност до генерлниот спонзор ПН МЕТАЛ и општината Охрид за поддршката во напорите да се качуваат по скалите на успехот.

Остварени резултати:

Хва Ранг ИТФ

Теодора Митреска
1 место борби 18-34г. 65кг
1 место форми црвен појас/ 18-34г
2 место борби 16-17г. 65кг
1 место борби Бест оф д бест 100€
Пехар за најдобар поединец 18-34г.

Христијан Шибаковски
1 место борби 12-13г 40кг
1 место форми жолт виши
пехар за најдобар поединец 12-13год

Миа Танеска
1 место борби 12-14г. -65кг.
3 место форми црвен појас 12-14г
4 Мелани Стојановска
1 место борби  8-9г. -30кг

Емилија Трајческа
1 место форми бел виши  8-9г
2 место борби 9-10г. 30кг

Адријана Китаноска
3 место борби 12г. 57кг

Јана Влаоска
3 место борби 12г. 55кг

Филип Митрески
2 место борби 15-17г. 68кг.
2 место форми плав појас 15-17г.

ГЕ БЕК

Владимир Димитриевиќ, 1 место борби Бест оф д бест 100€

Божидар Димитриевиќ,  1 место борби Бест оф д бест 100€

Иван Шундовски, 1 место форми, 3 место борби

Михаил Гошевски, 3 место форми, 1 место борби

Димитар Андоноски, 2 место борби

Медина Мусиќ, 2 место борби

Марија Тунтеска, 2 место борби

Виктор Рунчески, 2 место форми, 2 место борби

Андреј Рунчески, 3 место форми, 3 место борби

СОНКАЛ

Павел Џикоски
1 место форми 9-10г бел појас
1 место борби 41кг 9-10г

Јаков Гагалески
3 место борби 8год, 23кг
2место форми  бел виши појас, 8год

Дамјан Гагалески
2 место форми  Бел виши појас  8г.
3 место борби 8г. 21кг

Кристијан Гагалески .
3 место  борби 10-11, 27кг

Максим Шулески
3 место форми 9 г жолт појас

МАСТЕР

Евгенија Трајкоски
1 место форми 10-11 бел виши

Мартин Нанески
2 место борби  13г. 51кг

Анастасија Ристеска
3 место борби 12-14г. 65кг
2 место форми  12-14г. Зелен појас

ЧОНЏИ

Михаил Крстаноски
3 место борби 16г. 56кг
3 место форми плав појас  16г.

ВКУПНО:

Хва Ранг ИТФ 8 златни, 4 сребрени, 3 бронзени медали   + 2 пехари за најдобри поединци
Гебек 4 златни, 5 сребрени, 4 бронзени медали
Сонкал 2 златни, 2 сребрени, 4 бронзени медали
Мастер 1 златен, 2 сребрен, 1 бронзен медал
Чонџи 2 бронзени медали

ПЕХАР ЗА ОСВOЕНО ТРЕТО МЕСТО СЕВКУПЕН ПЛАСМАН.