На свеченост што се одржа вечерва во големата сала на локалната самоуправа, Општина Охрид ги прогласи најдобрите од спортот во Охрид во 2024 година. За спортист на годината прогласен е Давид Крстевски од Таеквон-до клубот Хва Ранг ИТФ Лескоец – Охрид, државен првак и бронзен на Европското првенство што минатата година се одржа во Копер, Словенија.

Крстевски упати благодарност до оргзнизаторот што, како што рече, ги препознава успесите на спортиститеи, што претставува поттик за нивен понатамошен развој.

Наградата на најдобриот спортист ја врачи градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. Тој се осврна важноста на спортот во општеството и напорите што општината ги прави да ги поддржи спортистите.
Од срце им честитам на добитниците чии имиња се надевам ќе бидат вечно запамтени во спортската историја на Охрид, рече Пецаков, додавајќи дека општина Охрид ќе продолжи да го подржува спортот за што оваа година во буџетот се предвидени 70 милиони денари.
