
Младите натпреварувачи на Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (М.Т.Т.Ф) забележаа одличен успех на Меѓународниот Таеквон-до ИТФ натпревар за деца до 14 години „Плевен Опен 2026“, кој изминатиов викенд се одржа во Бугарија.
Под водство на претседателот на федерацијата, Марјанчо Лазаревски, боите на М.Т.Т.Ф ги бранеа шест натпреварувачи во дисциплината спаринг/борби. Во силна меѓународна конкуренција, тие успеаја да се изборат за пет одличја, односно два сребрени и три бронзени медали.
Најбројни беа членовите на таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец-Охрид со четири медали, додека еден бронзен медал замина во Струга кај членот на „СОНКАЛ“ од Мислешево.
Осовјувачи на медали се
- Емилија Трајческа сребрен медал спаринг/борби -35 кг , девојчиња 8-9 години, член на Таеквон-до клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид
- Ива Наумоска сребрен медал спаринг/борби -40 кг , девојчиња 10-11 години, член на Таеквон-до клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид
- Меланија Стојанвска бронзен медал спаринг/борби -30 кг , девојчиња 10-11 години, член на Таеквон-до клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид
- Миа Танеска бронзен медал спаринг/борби +55 кг , кадетки 12-13 години, член на Таеквон-до клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид
- Кристијан Гагалески бронзен медал спаринг/борби -30 кг , кадети 10-11 години, член на Таеквон-до клуб “СОНКАЛ” Мислешево-Струга


