Охрид, 4. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви јуни во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи петтото издание на Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2025“.
Организатор е таеквондо клуботот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец.
– Генерален спонзор е „ПН Метал“, а настанот е поддржан од Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт, информира претседателот на федерацијата Марјанчо Лазаревски.

Има неколку натпреварувачки категории: деца, младинци, постари младинци, јуниори и сениори, во машка и женска конкуренција. Последен рок за пријавување е до 19-ти јуни, до 24:00 часот.
На ланскиот натпревар учество зедоа над 300 натпреварувачи од 31 клуб од 10 земји. И оваа година учеството на „Ohrid Open 2025“ веќе го имаат најавено повеќе земји и натпреварувачи од претходните години, со што натпреварот веќе прераснува во еден од поквалитетните во регионот.