Во Талин Естонија, од 28-ми април до 4-ти мај 2025 година, ќе се одржи Европско Првенство во традиционално Таеквон-до ИТФ, на кое нашиот Давид Велковски, во име на Македонската традиционална таеквон-до федeрација (МТТФ) ќе биде бодовен судија и ќе ја дели правдата.
Велковски, кој е долгогодишен репрезентативец и лиценциран судија во склоп на федерацијата и редовно суди на меѓународна натпревари, оваа година ја доби довербата од ЕИТФ да биде дел од судиската екипа која ќе ја дели правдата на Европското првенство.
– И како натпрварувач, и како судија Давид Велковски е докажан како на државен, така и на меѓународен план. Најголем спортски успех му е ¼ финалето на Светското првенство во Пловдив, Бугарија. Поради неговото искуство сега тој има можност да ја надмине пристрасноста и да покаже дека е квалитетен судија. Доколку успее, во што не се сомневаме, во иднина може редовно да биде биран за судија од страна на ЕИТФ, вели Марјанчо Лазаревски, претседател на МТТФ.



