Теквондисти од Македонска традиционална таеквондо федерација (МТТФ) ќе учествуваат на десеттиот Меѓународниот ИТФ А класа натпревар „King of Taekwon-Do“ во Солун, Грција.

by | Feb 2, 2025 | Натпревари

На натпреаврот се пријавени 1.239 натпреварувачи од 17 земји. МТТФ под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски и националниот тренер Саша Поповски, носители на црн појас V дан, ќе ја претставуваат 3 официјални лица, 2 национални тренери и 8 натпреварувачи кои бркаат критериуми за наредното Европско првенство од клубовите: „ХВА РАНГ ИТФ” од Лескоец, „Мастер” Охрид, „Сонкал” од Мислешево, Струга и „Ахилиус” од Скопје.

Од федерацијата се надеваат дека нивните избраници ќе дадат сѐ од себе и ќе постигнат добри резултати.