Четири одличја освоија таеквондистите од Македонската традиционална таекфондо федерација (МТТФ) – 2 златни, 1 сребрен и 1 бронзен на Европскиот куп „Бугарија Опен 2025″.

Теодора Митреска освои златен медал во форми, Мики Грнчески – златен медал во форми и Божидар Димитриевиќ бронзен медал во борби -92 кг и сребрен медал во +92 кг.

МТТФ викендов од 14-16 ноември на Европски куп настапи на „Бугарија опен 2025″ во Пловдив, каде учествуваа 788 натпреварувачи од 13 земји во Европа.
Боите на МТТФ под водство на Марјанчо Лазаревски и Саша Поповски ги бранеа девет натпреварувачи, кои и покрај силната конкуренција, постигнаа одличен успех, освојувајќи два златни, еден сребрен и еден бронзен медал.