Членовите на Македонската традиционална Таеквон-до Федерација стигнаа до три четврфинални борби за медал на ЕП кое од 19 до 26 април се одржа во Хераклион на Крит, Грција.
На првенството учестваа 956 натпреварувачи од 31 земја од Европа, но оваа година учествуваа и натпреварувачи од Русија, Белорусија и Казахстан, што му даде дополнителна тежина на ова првенство.

– Боите на нашата репрезентација ги бранеа седум наши натпреварувачи кои одлично се покажаа, прикажувајќи одлични борби во своите групи, при што тројца од нив стигнааа до четвртфинале во борбата за медал, но за жал не успеавме да се закитиме со медал на ова Европско првенство. Миа Танеска, беше најблиску до медал во категорија борби, девојчиња 11-13 години (+65 кг), која во четвртфинале се бореше против пртеставничката на Шпанија, во регуларниот дел борбата заврши нерешено, во екстра рундата цело време. Давид Крстески еден од нашите најдобри натпреварувачи, кој првпат настапува како сениор, со своите 18 години успеа да се пласира во четвртфиналето, победувајќи ги во неговата група, претставниците на Бугарија и Велс, при што го повреди стапалото на десната нога, во четвртфинале пртив претставникот од Русија цело време водеше изедначена борба, но при крајот Русинот успеа да земе 2 поени, со што и Давид не успеа да се закити со медал. Хриситјана Парулеска натпреваруваче во две дисциплини, во форми со две победи стигна во четвртфиналето, но загуби , претставничката на Русија беше подобра, додека во борби, за жал не ја помина групата. Теодора Митреска настапи во категорија форми – сениори (18-34 години), црн појас (први дан), каде што по добра изведба беше елиминирана од претставничката на Шпанија, истотака настапи и во во категорија борби сениори (18-34 години, -67 кг), исто така како дебитант на Европско првенство, имаше настапи против претставнички од Бугарија, Русија и Украина. Иако прикажа квалитетни борби, не успеа да обезбеди пласман во борбата за медал. Владимир Димитриевиќ, во категорија борби сениори (18–34 години, -78 кг), настапи против претставници од Бугарија, Русија и Германија. И покрај одличните настапи, не успеа да се пласира во борбата за медал и да го повтори успехот од претходното Европско првенство во Естонија. Климент Богоески, во категорија борби јуниори (16-17 години, -57 кг), настапи против претставници од Белорусија, Шпанија и Бугарија. Како дебитант на Европските првенства, прикажа одлични борби и оствари победа над претставникот на Шпанија, додека против натпреварувачите од Белорусија и Бугарија загуби во тесна бодовна разлика. Божидар Димитриевиќ, во категорија борби сениори (18–34 години, +92 кг), настапи против претставникот на Естонија, при што се здоби со повреда во втората рунда. По лекарски преглед, не му беше дозволено да ги продолжи настапите против претставниците од Русија и Бугарија, информира претседателот на федерацијата Марјанчо Лазаревски.
Во склоп на нашата репрезентација настапуваше и Давид Велковски како бодовен судија, кој е лиценциран меѓународен Б класа судија. Ова е негово второ учество како судија на Европско првенство, а ова првенство му беше тест за во иднина, при што беше многу пати пофален од челниците на судиската комисија, извршувајќи ја својата задача професионална на завидно ниво без пристрасност , со што веќе е најавен како судија за наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Рига, Латвија.
