Наскоро во Охрид ќе се одржи четвртиот Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2024“

by | Jun 10, 2024 | Натпревари

На 22-ри јуни во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи четвртото издание на Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2024“.

Организатор е Македонската традиционална таеквондо федерација и таеквондо клуботот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец.

– Генерален спонзор е „ПН Метал“, а настанот е поддржан од Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт, информира претседателот на федерацијата Марјанчо Лазаревски.

Оваа година учеството на „Ohrid Open 2024“ веќе го имаат најавено повеќе земји и натпреварувачи од претходните години, со што натпреварот веќе прераснува во еден од поквалитетните во регионот.