Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација викендов учествуваше на Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар, за деца до 14 години “Плевен Опен 2025”, воден од М.Т.Т.Ф под водство на Маријанчо Лазарески. Оваа година ги бранеше пет натпреварувачи, еден натпреварувач од Таеквон-до клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, и четири натпреварувачи од Таеквон-до клуб “СОНКАЛ” Мислешево-Струга. Натпреваруваа само во една дисциплина во спаринг/борби. И покрај силната конкуренција, тие постигнаа одличен успех, освојувајќи два сребрени и еден бронзен медал.
Огромно задоволство ми е кога ќе видам како нашите млади натпреварувачи стануваат борци и уште од мали нозе даваат сè од себе за да освојат медал од вакви квалитетни натпревари, притоа се покажувајќи храброст и пожртвуваност од мали нозе, достојно претставувајќи ги боите на Македонија. Исто така ме радува што имаме млади генерации кои ветуваат светла иднина за нашиот спорт и кои се пример за нивните генерации како треба достојно да се претставува нашата држава. Христијан Шибакоски покажа извонредна храброст и пожртвуваност, иако патот до финале имаше полн со 2 тешки домашни натпреварувачи, додека во финале тесно загуби во втората рунда, што за млак му избра третото место, со овој медал Христијан е поблиску до исполнување на критериум за учество на Европско првенство, и се надеваме дека ќе успее во наредните Меѓународни натпревари. Христијан Галалески исто така на десет годишна возраст покажа извонредна храброст и пожртвуваност, после тесното полуфинале, финалето го загуби од домашниот натпреварувач со што се закити со сребрен медал, додека неговиот клубски другар Теодор Ѓорески, победувајќи во четвртфинале, додека во полуфинале загуби од домашниот натпреварувач со што се закити со бронзен медал. Без медал но со добро искуство останаа Максим Шулески и Дамјан Секулоски, кои натпреваруваа во категорија деца 8-9 години, што за нив самото учество на ваков натпревар е огромен успех, изјавува Маријанчо Лазарески претседател на М.Т.Т.Ф кој упатува огромна благодарност до генералниот спонзор ПН МЕТАЛ, Општината Охрид и Министерството за Спорт кои го поддржуваат нашиот спорт и не поттикнуваат за нови успеси.
Осовојувачи на медали се:
- Христијан Шибакоски
сребрен медал спаринг/борби -40 кг, кадети 12-13 години, член на Таеквон-до клуб “ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид - Христијан Галалески
сребрен медал спаринг/борби -30 кг, кадети 10-11 години, член на Таеквон-до клуб “СОНКАЛ” Мислешево-Струга - Теодор Ѓорески
бронзен медал спаринг/борби -40 кг, кадети 10-11 години, член на Таеквон-до клуб “СОНКАЛ” Мислешево-Струга